Подиумот за танцување во ноќен клуб на канарскиот остров Тенерифе се урнал при што се повредени 40 луѓе, јавија локалните власти. Гостите пропаднале низ подиумот во подрумот на диско клубот „Батерфлај“ околу 2:30 часот по локално време.
Неколку луѓе се здобиле со скршеници, вклучувајќи и фрактури на нозете. Клубот е сместен во шопинг центарот на Плаја де лас Америка, центар за забава на југот на шпанскиот остров, кој е популарен кај туристите во овој период од годината.
Повредените рекле дека се од неколку различни земји, меѓу кои Шпанија, Франција, Велика Британија, Белгија и Романија.
Двајца се со сериозни повреди, со фрактури на бутот, а за среќа повеќето минале со полесни повреди. Службите за итна помош неколку часа под урнатините ги евакуирале повредените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.