| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчанец со хуман гест: Го отвори клубот за бездомниците

Eден од менаџерите на прилепскиот ноќен „Синдикат”, Александар Карилоски, преку својот профил на „Фејсбук“ објави дека клубот е ставен на располагање на бездомниците, кои немаат каде да преноќат во овие екстремно студени зимски ноќи.

– Сакам да ви соопштам дека ноќниот клуб Синдикат од оваа вечер ќе биде отворен за сите БЕЗДОМНИЦИ кои ќе можат тука да дојдат и да преноќат без никаков проблем, апел до сите, доколку знае некои за некој бездомник и доколку знае каде тој преноќева слободно нека му се обрати и нека му кажи каде може да преноќи оваа вечер, со почит ноќен клуб „Синдикат” – напиша Александар на „Фејсбук“.

 

Извор: маркукуле.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top