| четврток, 6 декември 2018 |

Дали полицаецот ја силувал Ксенија? (ВИДЕО)

Осумнаесетгодишната Ксенија Смирнова е во фокусот на јавноста откако се појави снимка од секс во јавност, на која таа е во главната ролја, објави Руморбас. Луѓе кои ја гледале снимката ја советуваат Ксенија да го пријави момчето за силување во пијана состојба. Партнер на Ксенија во ноќниот клуб ѝ е полицаецот Родион Артијашин.

Луѓе кои го гледале видеото, ја советуваат Ксенија да го пријави полицаецот за силување во пијана состојба, но таа вели дека нема да го стори тоа.

-Не ме силуваше, двајцата сме виновни, вели девојката и тврди дека сексот пред стотина луѓе во ноќниот клуб во Нижни Новогород не бил напад. Таа објаснува дека го познава од претходно и дека не ѝ е криво што гп направиле тоа, туку што го правеле пред толку многу луѓе.

-Се знаеме од претходно. не потпишав изјава во која го обвинувам, ниту ќе го направам тоа. Возрасна сум, имам 18 години.

Признала дека се вознемирила кога дознала дека ја препознале на снимката, но дека семејството ѝ пружило поддршка.

-Сега веќе ништо не може да се стори, затоа што приказната премногу се рашири. Знам дека сум глупава, но единствена грешка ни беше што го направиме тоа пред толку многу луѓе.

Младиот полицаец сѐ уште не зборувал јавно за инцидентот. Добил отказ заради нарушување на угледот на полицијата откако се проширила снимката на интернет.

Портпаролот на полицијата Михаил Мартинов потврдил дека не добиле пријава за сексуален напад или за непристојно однесување во јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top