| четврток, 6 декември 2018 |

Пресметка без милост: Масовна тепачка на фудбалски натпревар, тифозите направија хаос на теренот (видео)

Голема инцидент се случи денес на мечот помеѓу Локомотив Пловдив и ЦСКА Софија кој заврши со победа на гостите од 0-1. Имено, пред крајот на првиот дел, гостинските фанови влетаа на терен со цел да се пресметаат со домашните навивачи.

Не требаше многу за во терен да влезат и домашните фанови кои имаа гости и од Русија, поточно навивачите на Спартак Москва со кои се во пријателски односи. Ултрасите на клубот од Пловдив дури и удрија на гостинските фудбалери откако еден играч на ЦСКА Софија беше удрен во грб.

Тепачката беше жестока, а неколку лица завршија со крв од нанесените повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top