Тренерот на актуелниот шампион Вардар, Чедомир Јаневски ги искажа своите импресии после денешната победата над Академија Пандев.
– Игравме со една екипа која што е нов прволигаш и имаше желба да се прикаже во добро издание, и против екипа која што тешко губи бодови дома. Дојдовме до четвртата победа во првенството по ред, и на последните пет натпревари освоивме 13 бода. Задоволен сум од прикажаното, на стартот малку ни nедостасуваше да влеземе вистински во натпреварот, изјави Јаневски за клупскиот сајт.
– Ние денеска победивме како тим, им дадовме шанса на добар дел на играчи кои не играа на мечот со Зенит и мислам дека ја завршивме добро задачата. Оваа победа ни дава една позитивна енергија пред натпреварите со Шкупи на кои посакуваме да продолжиме со серијата на победи, додаде предводникот на „црвеноцрните“.
Вардар по денешната победа е втор на табелата во ПМФЛ со 11 бодови заостаток зад Шкендија и два натправара помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вардар испиша историја со најновиот ранкинг на УЕФА
-
Поранешен фудбалер моли за помош: Беше дел од „златниот“ Вардар, а сега трпи за леб (видео)
-
Муслиу си поигра мајтап со Вардар: Ќе потпише со Приштина, па веднаш на позајмица во Шкендија
-
Јаневски: Мора добро да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната, целта е нов трофеј