| четврток, 6 декември 2018 |

Командант Хоџа со детали за мафијашката пресметка во Чаир: МВР молчи, убијците шетаат слободно

МВР се уште нема објавено детали за убиството кое се случи во петокот во скопски Чаир. Со реакција на социјалните мрежи излезе Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа, тој вели дека и покрај тоа што има сведоци, а има и камери, истрагата и понатаму заостанува.

Фејсбук статус на Џезаир Шаќири- Командат Хоџа:

Речиси 20 часа по убиството на И.К и ранувањето на Ќ.Л, полицијата се уште нема детали за тоа кој може да биде авторот на убиството на една фреквентна улица во Скопје.

Имаме жив сведок кој е ранет како и улица со многу поминувачи и камери на истатата улица. И покрај сето ова, истрагата пак заостанува.

Како што се чини полицијата и за овој случај, како и за многу други ќе ќути со истите игнорирачки изјави..истрагата продолжува, криминалците се на слобода …

Според сведоците, од автомобил Фиат Пунто, сива боја, во движење почнаа да пукаат во возилото на жртвите и без да застанат продолжи со брзина накај улицата Џон Кенеди каде на семафорот на црвено врти кон Топанско. Внатре во автомобилот беа двајца мажи на возраст 25 – 30 години без маски без капи и бради кои си заминаа со голема брзина.

Невозможно е камерата што е на семафорот да не ги снима тие лицата на убијците.

1. ранет сведок

2. камерите се доволни за полицијата да ги идентификува убијците, но досега се докажува дека полицијата или е неспособна или ги крие убијците и не е на ниво да ги штити граѓаните од криминалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top