Седум бродови во Првата светска војна се потонати во Охридското Езеро, чии остатоци сѐ уште се кријат на дното на Охридското Езеро во близина на Струга. Потонатите бродови во Охридското Езеро ги истражува и докуметира Центарот за нуркање „Акватек“.
Даниел Атанасовски од „Акватек“ вели дека бројот на бродовите не е точно утврден и досега не се доволно документирани.
„Познати се доста информации поврзани со овие бродови како нивниот производител и тоа дека биле користени за транспортирање голем товар“, вели Атанасовски и додава дека има простор и мотив за понтамошно истражување.
Бродовите се наоѓаат на 1.000 метри од крајбрежјето покрај градот Струга на длабочина меѓу шест и седум метри.Според Атанасовски, познати се многу информации поврзани со овие бродови, како нивниот произведувач и тоа дека биле користени за транспортирање на голем товар.
„Конечниот број на бродови треба да се потврди, а се смета дека се седум, односно два главни брода кои влечеле позади нив помошни бродови што носеле товар. На нив се откриени ознаки веројатно од производителот на бродовите „Bolzano, Tedesko & Co“, објаснува Атанасовски.
Нема точни информации кој ги открил првпат, но од тогаш не се истражени детално. Екипата на „Акватек“, како што најавува тој, заедно со подводниот археолог Никола Паскали, ќе продолжи со истражување, документирање и промовирање на овој локалитет.
Според Атанасовски, тимот на „Акватек“ има за цел да ги документира соодветно бродовите, со сите детали и се надева дека дека локацијата ќе биде заштитена како археолошки локалитет, дека ќе се најдат средства за да се истражат бродовите детално и да се создаде документација која потоа ќе може да биде презементирана и ќе го промовира локалитетот како нуркачка атракција за професионални и рекреативни нуркачи.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


