| четврток, 6 декември 2018 |

Кошаркарски инает: По тепачка останаа само со тројца и пак за малку ќе го победеа ривалот! (видео)

Ретко виден натпревар одиграа кошаркарите на Универзитетите Алабама и Минесотаи во американската НЦАА-лига, кој заврши со победа на гостинскиот тим со 89-84 за што требаа максимално да се испотата и тоа иако во повеќе од десет минути во второто полувреме играа со петмина на само – тројца.

Домаќинот на 13 минути до крајот остана без седум кошаркари кои беа исклучени поради напуштање на клупата и влегување во теренот без дозвола при помал инцидент. Потоа уште еден играч доби петти прекршок, а друг се повреди поради што на 11 минути до крајот останаа само тројца на паркетот против комплетниот тим на Минесота.

Но, и тоа не ги натера да се предадат па со зонска одбрана „1-2“ го збунија ривалот и на чуден начин негативата од 15 поени во тие моменти (62-77) на сведоа на минус од само еден посед (80-83) и напад дури за изедначување. Заморот, сепак, беше преголем поради што не успеаја да направат целосен пресврт кој дефинитивно би ги внел во Гинисовата книга рекорди.

Извор: Спорт

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top