| четврток, 6 декември 2018 |

Едно лице е мртво, познат мотивот за престрелката во Чаир

Едно лице убиено, а едно тешко повредено во престрелка во Чаир, објави телевизија 24. Тешко повредениот Л. Ќ. со возило на итната медицинска помош е пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Престрелката се случила на улицата „Лазо Трповски“, до трговскиот „Принц“.

Неофицијално, од извори на теренот телевизија 24 дознава дека се работи за престрелка меѓу две групи, а мотивот најверојано бил нерасчистени сметки поврзани со трговија на дрога. Екипи на МВР се излезени на терен и работат на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top