| четврток, 6 декември 2018 |

Груби Македонија станува двојазична на целата територија, на сите нивоа (ВИДЕО)

Македонија станува двојазична на сите нивоа на државата, изнесе пратеникот Артан Груби од ДУИ во гостување на Алсат.

Во врска со реакциите на ВМРО-ДПМНЕ дали Македонија станува двојазична или не Груби е дециден дека двојазичноста ќе се воведе во сите органи на државата: централната власт, вклучувајќи го и претседателството, Владата, Собранието, општините, додека општинската власт е регулирана преку актуелниот закон.

-Сите органи, како судството, нотаријатот, обвинителството, сите органи ќе зборуваат албански, вклучувајќи ги и граничните премини и се надеваме дека со оценување на Венецијанската комисија по разгледувањето на членот 8 и трите елементи кои се пратени на разгледување таму, како банкнотите и монетите, двојазичноста кај нив, хартиите од вредност, како и униформите на војската, и тие ќе се вметнат во Законот за употреба на јазиците, вели Груби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top