Каталонската полиција денеска соопшти дека уапсила уште едно лице во врска со нападите во Барселона и Камбрилс, со што бројот на осомничените достигна четири лица.
Неколку часа претходно во каталонскиот град Рипол беше уапсено третото лице.
Во најпопуларната туристичка улица во центарот на Барселона, Ла Рамблас, вчера попладне комбе влета во пешаци при што загинаа 13 лица, а 100 се повредени.
Каталонското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 15 луѓе се тешко повредени, 23 се здобиле со умерено тешки повреди, а 42 се полесно повредени.
Се’ уште не е познато колку точно напаѓачи учествувале во терористичкиот напад.
Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката група Исламска држава.
Само осум часа по нападот во Барселона, во Камбрилс се случи уште еден напад, во кој автомобил влета во пешаци и повреди седум лица, меѓу кои и еден полицаец. Една жена подоцна во болница им подлегнала на повредите. Полицијата во Камбрилс ги уби петмината напаѓачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)