| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор третман во градинка: Децата ги бодат со игли, ги дрогираат со лекови (видео)

Градинка во Пекинг е обвинета за злоставување на деца со инекции и лекови.

Властите отвориле истрага за градинката која е дел од познатиот ланец “RYB Education”. Компанијата изјавила дека “длабоко се извинува поради овој тежок инцидент и вознемирување”.

Најмалку осум деца наводно примиле непознати супстанци преку инекции. Родителите за локалните медиуми изјавиле дека забележале траги на убоди од игли на телата на своите деца во последните неколку дена и споделиле фотографии од траговите на интернет.

Исто така рекле и дека на децата им се давале таблети или сирупи пред спиење во градинката.
Некои од родителите изјавиле дека децата можеби им се сексуално злоставувани, бидејќи ги принудувале да се соблекуваат голи.

Неколку родители се собрале во четвртокот пред градинката за да протестираат. Некои изјавиле дека се сомневаат дека воспитувачките користат игли за да ги дисциплинираат деца.

“Непослушните деца биле принудувани да стојат голи, или ги заклучувале во мрачна соба во градинката”, изјавил еден родител.

Полицијата ги запленила снимките од безбедносните камери и суспендирала три осомничени лица од градинката.

Компанијата соопштила дека ќе преземе одговорност за своите грешки ако истите бидат утврдени, но исто така пријавиле и некои лажни обвиненија против компанијата.

Минатата година четири воспитувачки од оваа позната кинеска компанија завршиле во затвор поради злоставување кое исто така вклучувало давање инекции на деца. Едно дете тогаш имало повеќе од 50 убоди од игли на телото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top