| четврток, 6 декември 2018 |

По самоубиството на ќерка му, Ратко Младиќ изгубил чувство за болката на другите!

Ана, една од најдобрите студентки на медицина, била миленичка на својот татко Ратко Младиќ. А потоа на 24 март 1994 година го зела најдрагиот пиштол на татко и и во семејната куќа извршила самоубиство. Поранешиот командант на војската на Република Српска, после оваа трагедија станал уште посуров, па дури и да добие замаглено чувство за страдањето на другите, а посебно непријателите.

Ана, која Младиќ ја нарекувал ѕвезда е една од индиректните жртви  на сега веќе осудениот злосторник. Таа била горда на татко и, го посетувала на бојното поле, а потоа во 1994 година нешто се случило и таа кренала рака на себе.

Поранешниот командант отсекогаш тврдел дека неговата ќерка Ана не извршила самоубиство, туку дека загинала од „српска рака“, а после апсењето дури рекол дека ги знае имињата на наводните убијци.

Според официјалната верзија пак, Ана Младиќ (24) извршила самоубиство во семејната куќа во која во тоа време биле нејзиниот брат и мајка. Во јавноста долго време се шпекулирало за мотивите поради кои Ана кренала рака на себе.

Еден воен лекар сведочел дека пиштолот со кој наводно е убиена е пронајден во нејзината лева рака, иако таа била деснак. Одбукцискиот наод покажал дека зрното останало во главата, иако се работело за пиштол чии крушуми е невозможно да се задржат во главата ако се пука од непосредна близина.

Низ градот кружеле приказни дека убиството го организирал познат белградски криминалец кој работел за Државната безбедност, чии паравоени формации и шлепери Младиќ ги протерувал од Република Српска.

Една од приказните била и дека причината за самоубиството била нејзиното момче Драган, кој загинал во БиХ. Наводно на Младиќ не му се допаѓал Драган, па средил тој да биде мобилизиран и пратен на бојното поле, каде и загинал. Наводно Ана тоа го дознала.

Губењето на ќерката, Младиќ тешко го поднел, а Ана која на погребот ја облекле техничари, Младиќ за последен пат ја нашминкал.

Смртта на ќерка му  велат упатените, влиајела врз генералот тој да стане бесчуствителен и посуров, па дури и да ја промени воената тактика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top