Ана Младиќ, една од најдобрите студентки на медицина во својата генерација, била миленичка на својот татко, Ратко Младиќ. Таа на 24 март 1994 година во семејната куќа била пронајдена мртва. Младиќ во средата беше осуден на доживотен затвор заради прогон, истребување, депортација и тероризирање…, а неговите познаници сведочат дека оваа семејна трагерија го направила уште по суров кон своите жртви.
Ана, која Младиќ често знаел да ја нарече своја ѕвезда, била една од индиректните жртви на сега осудениот злосторник. Тој отсекогаш тврдел дека таа не извршила самоубиство, туку „била убиена од српска рака“, а во неколку наврати рекол и дека знае кој е убиецот.
Но, според официјалната верзија, таа на 24-годишна возраст извршила самоубиство во семејната куќа. Во тоа време во куќата биле и нејзиниот брат и мајка. Во јавноста долго се шпекулирало за мотивите за ова дело. Истрагата за смррта никогаш не била затворена, бидејќи Младиќ тоа не го дозволил.
Сепак, околу овој случај има неколку сомнителни околности, а еден од нив е фактот што пиштолот бил пронајден во нејзината лева рака, иако таа била деснак. Исто така обдукциските наоди го пронашле куршумот во нејзината глава, што според марката на пиштолот е тешко изводливо доколку се пука од непосредна близина.
Одреден период се шпекулирало дека нејзиното убиство било организирано од, во тоа време влијателна група од белградското подземје кој имал проблеми со Младиќ, па многу се пишувало и за тоа дека станува збор за нарачана ликвидација.
Медиумите од соседствтоо исто така пишувале и за тоа дека момчето на Ана, Драган, загинал на боиштата во Босна и Херцеговина, па токму тоа ќерката на Младиќ не можела да го преболи. Наводно, оваа врска Младиќ не ја одобрувал, па и самиот тој влијаел Драган да биде испратен на боиште.
Загубата тој тешко ја поднел, но и покрај се, тој последен ја нашминкал својата почината ќерка.
Нејзината смрт и тоа како влијаела на неговото однесување кое многу се променило. Во една од своите книги, публицистот Љубодраг Стојановиќ, кој бил пријател со Младиќ додека генералот бил на врвот на својата моќ, напишал дека „загубата на ќерката на робусниот Младиќ му ја замаглувал свеста како и чувството за болка на другите, особено на непријателот“.
За потсетување, Хашкиот трибунал во средата ја изрече првостепената пресуда за поранешниот генерал на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ и го осуди на доживотен затвор. Тој е осуден за геноцид во Сребреница, прогон, истребување, злостор против човештвото, убиство, нехумано дело – присилно преместување, депортација, тероризирање, противправен напад над цивили и земање заложници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.