| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов ги заринка галиите (ВИДЕО)

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов дал налог бродовите во коритото на реката Вардар, кои се користат како угостителски објекти, да бидат дислоцирани.

– Бродовите го попречуваат нормалниот тек на водите и доколку се зголеми нивото на реката може да дојде до нејзино излевање -изјави тој во интервју на ТВ24.

Најспорно е тоа што овие објекти претставуваат урбана опрема според документацијата издадена од градот, иако се градби на неколку ката, тврди скопскиот градоначалник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top