| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров: Ако јас направам беља, ќе кажам дека бил Никола Попоски (ВИДЕО)

После одличната емисија со американскиот амбасадор Џес Бејли, на гости во студиото на „Еден на Еден“, доаѓа и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров.

За првпат ќе имате прилика министерот Димитров да го видите во едно поинакво светло, каде зборува за својот приватен живот, за студентските денови, за анегдотите од средбите и патувањата и уште многу други интересни содржини кои ќе го задржат вашето внимание.

Димитров на Жаре му откри и многу интересен детал од времето кога беше советник на Претседателот Борис Трајковски. Во една прилика во 2001 година покојниот Трајковски на висок претставник од Европската Унија му го покажал патот до вратата, а тој морал да го моли да се врати назад. За кого се работи, ќе дознаете во недела во 18.50 на Канал 5.

Ве очекува уште едно одлично издание на најгледаното ток-шоу во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top