Секторот за внатрешни работи во Скопје поднесе кривична пријава против 57-годишниот скопјанец кој на 2-ри ноември се појави пред Врховен суд носејќи петарди околу појасот и заканувајќи се.
Од полицијата информираат дека тој првин отишол во адвокатска канцеларија во Стара чаршија, каде оставил лист испишани закани, а потоа се упатил кон судот каде се изрекуваа пресудите за „Диво Насеље“.
Таму бил сопрен од полицијата, која по испитувањето утврдила дека прачките прицврстени на појасот за кои првично се мислело дека се динамит, биле петарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.