Шест ипол години по најголемата нуклеарна хаварија после Чернобил, роботите на јапонските инженери успеале да ја лоцираат стопената лава од ураниумското гориво на најоштетениот реактор на централата.
Четворица инженери еден месец вежбале да го пилотираат малиот робот за да можат да влезат во во контаминираното срце на уништената јапонска електроцентрала. Претходните роботи не успевале во своите мисии бидејќи заглавувале во кршот или електриката им се расипувала заради огромната радијација.
Во задачата успеал роботот наречен Мини-Манбо со пропелерчиња како дрон, голем колку кутија за чевли кој, се разбира, бил управуван со џојстик.
Цели три дена вртеле крукчиња по разнесената градба на реакторот во кој се наоѓа најоштетениот сектор за конечно да ја лоцираат лавата од ураниумското гориво.
Несреќата се случи на 11 март 2011 година кога земјотреси и цунами го расипаа системот за ладење во нуклеарката по што се стопија три од шесте реактори. Ураниумските прачки се стопиле како свеќи а температурата била толкава што лавата без проблем ги стопила челичните ѕидови а го пробила и дебелиот бетонски под.
Властите се надеваат дека ова ќе биде пресвртна точка по која ќе ја успеат да ја убедат скептичната јавност дека се преоѓа во помирна фаза на расчистување на опасниот крш од Фукушима.
„Досега не знаевме ни каде точно е горивото ни како изгледа. Сега ќе можеме да почнеме да планираме што ќе правиме со него“, вели водачот на операциите во Фукуима на кои досега беа ангажирани преку 7.000 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)