Вчера околу 19,30 часот, М.С.(33) пријавила дека истиот ден околу 14,00 часот во нејзиниот дом во с. Кондово од страна на нејзиниот сопруг С.А. (36) била физички нападната, при што истиот ја влечел за коса и ја удирал со раце по главата, лицето и телото.
Како што соопштија од МВР, С.А. потоа го зел нивниот осум годишен син и излегол од домот, а М.С. изгубила свест и нејзините две малолетни деца побарале помош од соседите по што била повикана Итна медицинска помош и таа била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.