| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка претепана од невенчаниот сопруг

Дваесет и тригодишна жителка на тетовско Камењане, вчера пријавила семејно насилство кое два дена пред тоа, на 19-ти септември, го извршил нејзиниот невенчан сопруг Ф.К. (31) од Гајре, со кого живеела помалку од една година.

Од СВР Тетово информираат дека по кусата меѓусеба вербална расправија, ја фатил за коса и потоа повеќе пати ја удрил со тупаници и шлаканици, нанесувајќи и видливи повреди.

Нешто подоцна, пријавителката заминала кај родителите, се обратила за лекарска помош и побарала кривичен прогон.

Пријавениот Ф.К. денеска ќе биде повикан во Секторот за внатрешни работи Тетово и по целосното расчистување на случајот ќе се соочи со соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top