Едно семејство топтан тргнало во потрага за снаата штом добило информација дека се крие во селото Бобово.
Филмската потера во селото Бобово кај Свилајнац во Србија завршила со проведување на напуштениот маж, свекорот, деверот и јатрвата, кои сите ја бркале снаата.
Селаните на Бобово биле изненадени од полициската опсада на селото по пријавата дека четири непознати лица киднапирале жена и ја однеле во непознат правец, но набрзо се покажало дека се работи за семејството на жена која избегала од невенчаниот сопруг.
Невена (26), која со Ненад има две деца, ќерка (5) и син (17 месеци), од мажот насилник и се засолнала кај пријател додека да се снајде.
Мажот и неговите роднини ја нашле Невена, ја извлекле низ прозорец и на сила ја ставиле во автомобилот со кој дошле и си заминале.
Невена сведочи дека Ненад со години ја тепал и ја малтретирал. Избегала пред еден месец и пријавила во полиција и во Центарот за социјална работа дека го напушта мажот насилник и деата додека да се снајде, а потоа ќе си ги земе. Семејството кое ја згрижило ѝ дозволило по апсењето на сопруот да си ги земе и децата, но таа стравува дека кога Ненад ќе излезе од притвор, може да ја убие.
На денот на апсењето Невена добила толкав ќотек што морала да лежи 9 дена во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејна драма во Трубарево: Мајка со маша ја претепала и ја избркала од дома 13 – годишната ќерка
-
Жена претепана од сопругот во Кондово: Паднала во безсознание, соседите морале да викаат Брза помош
-
Семејно насилство во струшко: Крвнички ја претепал сопругата, едвај се спасила
-
Девојка претепана од невенчаниот сопруг