| четврток, 6 декември 2018 |

Заев, Наум и Пимен го пречекаа Борисов – Која е поврзаноста со скандалот на МПЦ? (видео)

Премиерот Зоран Заев, утрово го пречека бугарскиот колега Бојко Борисов пред водочкиот манастир „Свети Леонтиј“ во Струмица, кој се наоѓа на границата со Бугарија.

Заев беше придружуван од владиците на МПЦ, Пимен и Наум, на кои бугарскиот премиер им баци рака пред да влезе во манастирот.

Инаку, средбата на Заев, Пимен и Наум со Борисов, доаѓа само една недела по излегувањето во јавност на скандалозниот документ со кој МПЦ ја признава бугарската црква за црква мајка.

Токму струмичкиот владика кој сега е домаќин на Борисов, прв јавно ја почна иницијативата МПЦ да стане црква ќерка на БПЦ, со неговата изјава минатата недела.

„Сметаме дека автокефалноста на МПЦ-ОА не е призната од политички причини. БПЦ има шанса со самото признавање на МПЦ-ОА да стане мајка на МПЦ-ОА. Тоа е ретка историска шанса, која БПЦ не треба да ја пропушти“, изјави митрополитот струмички за приватната бугарска телевизија БТВ.

Во интервјуто направено во Струмица тој нагласи дека Македонија и Бугарија имаат заедничка религиозна историја.

„Ние сме биле дел од Бугарска Егзархија. Луѓето тогаш (кон крајот на 19. век и во почетокот на 20. век) биле разделени меѓу Егзархијата и Цариградска патријаршија, но повеќето биле егзархисти“, изјави владиката Наум.

Симптиматично е што Борисов и Заев се среќаваат токму со човекот кој го иницираше овој скандалозен документ, при што се поставува прашањето, дали писмото со кое МПЦ ја признава БПЦ за црква мајка е само уште една остапка која е предвидена во договорот со Бугарија кој го потпишаа Заев и Борисов а со кој Македонија се откажува од голем дел од својата историја и од историските учебници го брише терминот „Бугарски Фашистички Окупатор“ за периодот од втората светска војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top