| четврток, 6 декември 2018 |

Босанец бранел на фудбал со куршум во главата

Србин од Босна и Херцеговина бранел со куршум во главата на турнир во мал фудбал, а проектилот, веројатно, го погодил случајно. Полицијата истражува и претпоставува дека 51-годишниот Душко Кртолица бил погоден со залутан куршум од свадба. Тој почуствувал болка, но мислел дека е од ударот во стативата и бранел цел меч на турнирот во мал фудбал во една од сраевските населби. По мечот се пожалил на болки во раката, а откако му се слошило Кртолица бил итно пренесен во болница, каде што му е изваден куршумот. Чудно е што ниту тој, а ниту публиката не чуле никаков истрел. Кртолица е задржан на интензивна нега и е во стабилна здравствена состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top