| четврток, 6 декември 2018 |

Џеј Зи го прекина настапот за да упати порака на 9 годишно девојче (видео)

Рапсерот Џеј Зи за време на неговиот концерт во Кливленд, реши да упати мудра порака до негова обожавателка, која била во првиот ред.

Во време кога секојдневно излегуваат пораки за сексуално вознемирување или злоупотреба во Холивуд, познатите личности го користат секој момент да испратат позитивна порака до јавноста. Претходно сличен пример имаше и со Дрејк, кој го прекина настапот за да предупреди момче во публиката кое ги вознемирувало девојките, а овој пат реакцијата на 47 годишниот рапер стана хит на социјалните мрежи.

Џеј Зи го прекинал настапот за да и се обрати на 9 годишна обожавателка, која уживала во неговата изведба од првиот ред. Во овој момент Америка е повеќе сексистичка, отколку расистичка, но ти млада дамо имаш потенцијал да бидеш следниот претседател на Америка“, и се обратил раперот.

Неговото обраќање до обожавателката предизвика воодушевување како кај публиката, така и на социјалните мрежи, каде се шерува снимката од концертот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top