| четврток, 6 декември 2018 |

ММФ: Границата за одење во пензија мора дa се помести

Старосната граница за пензионирање во Македонија е пониска отколку што е просекот во Европа, пишува Меѓународниот монетарен фонд во препораките за економијата на земјава. Според ММФ, границата за одење во пензија мора дa се помести, односно вработените да се пензионираат постари, но исто така и да се направат измени на законите кои овозможуваат порано пензионирање.

ММФ предупредува дека стапката на неврабоенста во Македонија од 23 отсто, е меѓу највисоките во Европа, па затоа препорачува реформи во образованието бидејќи невработените се главно неквалификувани.

Македонија има најниска стапка во Европа, на жени во работната сила, дополнува ММФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top