| четврток, 6 декември 2018 |

Апликацијата „Лулу“ – страв и трепет за мажите

Озборувањето на мажите, нешто што е во природата на секоја жена, сега доби и своја дигитална варијанта, во вид на апликација за жени.

„Лулу“ („Lulu“) всушност им дозволува на жените да ги оценат и коментираат мажите, без тие да знаат. Сите заинтересирани корисници (над 18 години) мора да бидат пријавени преку Фејсбук, а потоа може да ги оценуваат сите машки пријатели на социјалната мрежа. Исто така, секоја девојка може да види што другите кажале за него .

На прашањата поставени во форма на квиз, се оценува буквално сè – од изгледот, преку личноста, навиките, па се до најважното – сексуалната уметност.

Главната идеја и цел е најдобро објаснета со она „Подобро е да се спречи, него да се лечи“, односно да се поштедат девојките од лоши врски и љубовни состаноци. Сите корисници се скриени и анонимни, така што вашите пријатели од машкиот пол немаат ни поим дека сте ги оцениле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top