Ќе се укине роамингот меѓу Македонија и Бугарија, објави „Сител“.
Со утрешното потпишување на Меморандумот за разбирање, Регулаторните тела ќе ја започнат процедурата за пад на цените на разговорите кога Mакедонците патуваат во Бугарија и обратно. Првиот човек на АЕК вели, многу скоро, а а можно е и до крајот на годината, цените драстично да се намалат, односно кога корисниците зборуваат на мобилен во соседната земја, да плаќаат иста тарифа како дома.
– Интенцијата е – зборувај во странство како дома, односно кога македонците патуваат во Бугарија да плаќаат исто како кога се дома, тоа значи дека нема да се наплаќаат дополнителни услуги, но тоа треба да се утврди на ниво на Регулаторни тела меѓу Македонија и Бугарија и меѓу самите оператори – изјави Сашо Димитријовски, директор на Агенција за електронски комуникации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.