Додека судот во Хаг го прогласуваше Ратко Младиќ, водачот на босанските Срби за виновен за геноцид во Сребреница и злосторство против човештвото во Босна и Херцеговина, осудувајќи го на доживотен затвор, медиумите во Србија забележаа еден детаљ на палтото на Младиќ.
На реверот на палтото имал значка со цвет. Како што пишува „Блиц“, станува збор за стилизиран амблем со цвет, кој има симболичко значење во Србија.
Овој амблем со стилизиран цвет, комбиниран со Орденот на албанската споменица стана симбол на одбележување на Денот на примијето во Првата светска војна. Познат е и како феникс и цвеќето дури и кога ќе се исуши, повторно може да оживее ако се залее со вода.
Во Србија симболиката на тоа цвеќе се поврзува со тоа што дека српската војска по исцрпувачките борби во Првата светска војна, повторно успеала да „застане на нозе“.
Цвеќето инаку расте во Македонија, на планината Кајмакчалан, на граница со Србија, каде што српската војска, во Првата светска војна водела тешка битка со Бугарите. Цвеќето го добило името по кралицата Наталија Обреновиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го нудел својот рецепт за смрт: Праљак му давал отров на Младиќ за да се спаси од Хаг
-
Смртта на ѕвездата која го направи нечовек – ова е ќерката на Ратко Младиќ, која се самоуби!
-
Самоубиство или нарачана ликвидација: Смртта на ќерката Ана го направила Ратко Младиќ уште по суров
-
Што му пишал Зоран Ѓинѓиќ на Ратко Младиќ?