Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски посочи дека под водство на премиерот Никола Груевски, Владата практикува нов систем на политики, адаптиран кон економијата и барањата на компаниите.
– Во време на светска економска криза понудивме даночна структура која спаѓа во најповолните во светот. Проблемите ги решававме со антикризните мерки и со реформски чекори за подобрување на бизнис климата. Во Република Македонија и покрај глобалното негативно економско опкружување, сепак кумулативно гледано имаме најголем број странски директни инвестиции, односно во овие 6,5 години инвестирани се 1,6 милијарди евра од странски компании. За цело време успеавме да го одржиме стабилниот курс на денарот наспроти некои други држави, потоа во овој период нема драстична инфлација во државата и важно е што во овој момент имаме рекордно високо ниво на девизни резерви, рече Пешевски.
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски на синоќешната средба со новачани потсети дека во 2006 година ветиле оти земјоделците нема да ги заборават, а потврда за тоа се бројните позитивни примери.
– Денес имаме највисока директна поддршка од 135 милиони евра за земјоделците.Нашата политика е да имаме што поголем број регистрирани земјоделци кои ќе добијат 20 проценти поголеми субвенции отколку евидентираните земјоделци, додаде Коњановски.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристевски потсети дека од март пензионерите ќе добиваат повисоки пензии и ќе продолжи максимална грижа за децата. Тој најави дека заедно со градоначалникот Лазар Котевски ќе ја обноват детската градинка во општина Новаци.
Министерот за здравство Никола Тодоров најави дека во битолската Клиничка болница ќе инсталираат акцелератор, кој, како што рече, е многу важен за овој регион.
Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, со градоначалник како што е Котевски, многумина би посакале да живеат во Новаци.
– Се гордееме со успесите во комуналната инфраструктура, за што имавме поддршка од Владата.За нас од големо значење е и големата реконструкција на општинската зграда со што се создадоа услови за поефикасно исполнување и извршување на барањата на граѓаните, рече градоначалникот Лазар Котевски и кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за трет мандат.
Трибината со граѓаните беше од интерактивен карактер, а и претходеше средба со граѓаните од општина Могила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пешевски: Платформата е реакција на понудите на СДСМ, граѓаните ги интересира економијата
-
Дополнителни 10 милиони евра за малите и средните претпријатија
-
Димитриев и Пешевски на средба со синдикатот и менаџерскиот тим на Југохром
-
Пешевски на средба со струмичани: ВМРО-ДПМНЕ не шпекулира, ние работиме и градиме