| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерката на Србија на романтично патување – Ана ја води Милица на голата Марина

Ана Брнабиќ, претседателка на Владата на Србија, денеска ја започнува дводневната посета на Норвешка, а престојот во таа земја ќе го искористи, својата долгодишна девојка Милица Ѓуриќ, која патува со неа, да ја одведе на перформанс на прочуената уметничка Марина Абрамовиќ.

-Ана одамна планира на некој посебен начин да ја израдува партнерката, со оглед на тоа дека поради бројните работни обврски малку време поминуваат заедно – изјавил извор близок на парот.

-Тие двете многу ја ценат работата на познатата уметничка, а Милица посебно ја почитува. Ана сето тоа го знае, поради што се испланирала убаво и на време обезбедила влезници како би присуствувале на отварање на изложбата на „Гола Марина“, во рамки на која ќе бидат претставени повеќе од 120 дела во текот на последните 50 години. По изложбата ќе биде приредена и вечера за одбрани гости – рекол соговорник од Осло, кој додал дека за тој настан се бара карта плус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top