| четврток, 6 декември 2018 |

Кога 50 милиони Американци ќе влезат во своите автомобили (видео)

Според податоците на Американската автомобилска асоцијација, се очекува околу 50,9 милиони Американци да тргнат на пат со своите автомобили поради прославата на Денот на благодарноста.

Тоа е зголемување за 3,3 отсто на патувањата во однос на 2016 година кога поради најмасовниот празник во Соединетите Американски Држави 48 милиони Американци патуваа за да го прослават празникот со своите семејства.

Исто така, зголемен е бројот на оние што патуваат со други превозни средства, предупредуваат американските институции кои го следат бројот на патниците.

Метежите веќе почнаа, а автопатиштата буквално се преполни.

Денот на благодарноста инаку се слави секој четврти четврток во ноември, а како што велат надлежните, најголемите метежи се очекуваат кога граѓаните на САД се упатуваат назад кон своите домови, по прославата на празникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top