| четврток, 6 декември 2018 |

Како се славеше Спасовден во Гевгелија

Спасовден-заштитникот на Гевгелија, oваа година беше одбележан со богата програма наменета за сите вкусови, од традиционалната фолклорна вечер „Распеана чаршија“, па сè до гостувањето на Македонската филхармонија

uspesno zavrsen spasovden

Според мислењето на гевгеличани, оваа година од програмски како и од организационо технички аспект, се работеше за една од најквалитетните манифестации по повод Спасовден одржани до сега.

Почнувајќи од изложбата Импресии на гевгелискиот сликар Борис Петров, концертот на мешаниот хор Гортинија, драмската претстава Посета на една дама, па преку Распеаната чаршија и концертот на Македонската филхармонија, гевгеличани цели пет дена можеа да присуствуваат на разновидни настани.

Она што даде посебен белег оваа година, покрај гостувањето на Македонската филхармонија беше и одржувањето на фестивалот Баскер-фест кој својата турнеја низ Македонија, пред осмото издание на меѓународниот уличен фестивал „Баскерфест“, ја започна токму во Гевгелија.

Настапот на уметниците од целиот свет предизвика огромен интерес во Гевгелија, чие шеталиште наликуваше на огромна отворена сцена. За одбележување е и отворањето на меѓународниот саем на храна и вино, на кој гевгелиски и грчки производители ги промовираа своите производи, и кој, се очекува да стане традиционален.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top