Според производителите, земјоделските производи ќе поскапат поради воведувањето на персоналецот од 2 отсто, мерка која ја предложи владата на СДСМ. Доматите, пиперките, грозјето и други земјоделски производи ќе поскапат и ова ќе биде на товар на најсиромашните граѓани на Република Македонија. После воведување на акцизата воведување на персоналецот е втор удар за земјоделците.
Експертите сметаат дека од оваа мерка бенефит ќе имаат само трговците додека со оваа мерка се поттикнува и сивата економија. Најзагрозени од овие мерки кои ги донесе владата на СДСМ на чело со Зоран Заев ќе бидат производителите и секако граѓаните кои ќе плаќаат повисоки цени за земјоделските производи што ќе се одрази негативно на нивниот стандард на живеење.
Љупчо Аризанов претседател на регионалниот сојуз на земјоделци вели дека оваа влада изгледа се дави и не знае како да се снајде во менаџирањето и прибирањето на средства и секогаш на удар го става земјоделецот кој најмачно заработува за живот. Љупчо Аризанов потенцираше дека земјоделецот е немоќен да зголемува цени и дека на крајот сепак ќе профитираат само трговците.
Експертите сметаат дека оваа мерка е лоша заради избегнувањето на плаќањата на данокот и појавата на дивите продавачи со што значително се стимулира сивата економија. Земјоделците обвинуваат дека законот е донесен набрзина како и сите закони и мерки претходно без консултација со засегнатите страни и дека ова е спротивно од она што СДСМ и Зоран заев го ветуваа пред изборите.
Експертите предупредуваат дека најпогодени ќе бидат најситните и најмалите земјоделски производители кои мака мачат за да заработат средства за живот и земјоделието им е основна гранка за елементарна егзистенција. Исто така плаќањето на данокот од страна на откупувачите во име на земјоделците остава голем простор за манипулација при пресметка на откупната цена.
Зоран Заев и СДСМ иако ветуваа помош за земјоделците со гарантирани откупни цени и гарантиран пласман потоа воведување на зелена нафта и ослободување на земјоделците од персонален данок пред изборите сите овие ветувања паднаа во вода. Од кога се на власт СДСм не прават ништо добро за земјоделецот освен негово постепено уништување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Штетите милионски, стопанствениците бараат Косово да ја повлече одлуката
-
Проект Агро пазар: Македонија ќе биде прва на Балканот со берза на свежи земјоделски производи
-
Извозот на земјоделските производи зголемен преку 100 проценти
-
Груевски: За зголемување на извозот на земјоделски производи потребни се повеќе откупно-дистрибутивни центри