-Потребни се повеќе откупно дистрибутивни центри за земјоделски производи, а тоа е нешто за што ќе мора да се погрижат министерот за земјоделство и неговиот заменик, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во обраќањето на конгресот на владејачката партија.
-Министерот за земјоделство и неговиот заменик, ако сакаат да го носат епитетот успешни, мора да најдат повеќе инвеститори кои ќе изградат големи откупно дистрибутивни центри за земјоделски производи, како што го најдовме и донесовме Агрокор во Струмица и Еипленд кој моментално гради во Ресен, од каде ќе откупува и извезува јаболки за блискиот и средниот исток. Членовите на тимот за инвестиции и промотерите мора да најдат начин да им помогнат во тоа, вели Груевски.
Тој потенцираше дека има зголемување на извозот на земјоделски производи, но како што додаде истиот може да се зголеми, но потребни се дополнителни напори и фокус во отворање на поголем број откупно дистрибутивни центри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.