| четврток, 6 декември 2018 |

Кога емитувањето ќе тргне наопаку (видео)

Камерман на американска телевизија требало да го сними моментот на рушењето на стадион во Џорџија кој собира
80.000 луѓе. Сепак, тргнало по лошо емитувањето во живо. Арената во Атланта која беше домаќин на Олимпијадата во 1996 година со капацитет од 80.000 места, во понеделникот е срушена со контролирана експлозија.

Бидејќи на местото на настанот се нашле многу телевизиски екипи во намерата да го снимат овој момент, на своето место бил и камерманот на американската телевизија. Меѓутоа, нешто тргнало по лошо. Во моментот на емитување во живо, во неговиот кадар, “влетал“ автобус, па ситуацијата излегла од контрола.

„Не, тргни се, тргни се!“ – се слуша на снимката.

Автобусот во целост го блокирал стадионот, па од него можело да се види само како кровот
исчезнува.

„Тргни се од патот, побрзај!“, се слуша на снимката.

Во моментот кога автобусот го снемува од кадарот, стадионот е веќе срамнет со земја, па чадот е единственото нешто што гледачите во тој момент можат да го видат.

Надлежните од Атланта упатиле извинување.

Повеќе од 2.000 килограми експлозив се употребени за рушење на стадионот кој е отворен во

1989 година, а чија изградба чинела 214 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top