Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц Обзервер”, деновиве бил сведок на необична појава во Лапонија, позната уште како „татковината на Дедо Мраз“.
Сталесен со свои пријатели бил на излет на северот на Финска, кога пред нив небото „експлодирало”.
– Возевме по темница и видливоста пред нас беше слаба. Едвај доволно за возење. Небото одеднаш почна да менува бои – црвена, сина, и одеднаш – бум! Огромна огнена топка го осветли целиот предел. Никогаш не сум видел ништо слично – раскажа Сталесен.
Откако дошол дома, тој дознал дека над норвешкиот град Тромзо и во областа Финмарк се забележани повеќе такви светлечки топки. Очевидци од други реони пак, чуле силни експлозии, проследени со јака светлина.
Физичарот од Универзитетот во Осло и експерт за Вселената, смета дека најверојатно се работи за метеор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)