| четврток, 6 декември 2018 |

Со претставата „Ах, љубов моја“ почна манифестацијата „Аеродром се смее“

На отворената сцена поставена на фудбалското игралиште во близина на Паркот на езерата вчера се одигра првата претставата „Ах љубов моја“, со што се означи почетокот на Културното лето во општината, „Аеродром се смее“.
На репертоар, вечерва,  е комедијата на МНТ – „Свадбата на Фигаро“ од Пјер – Огистен Карон де Бомарше, во режија на Леван Цуладзе, која ќе стартува во 20.30 часот.
Културното лето, кое опфаќа пет популарни комедии и една детска претстава, ќе се реализира до сабота под мотото „Аеродром се смее“.
Наредните денови следат претставите: на 19 јуни (среда) – Театар крик – „Принцот Жаба“ – детска претстава со почеток од 19 часот, еден ден подоцна е претставата на Драмски театар – „Последните Македонци“ во режија на Сашо Миленковски со почеток од 20.30 часот. На 21 јуни (петок) ќе се одигра претставата на Драмски театар – „Грев или шприцер“ од Дејан Дамјановски во режија на Коле Ангеловски од 20.30 часот, додека в сабота, Театар комедија ќе ја изведе претставата „Лет над кандидатското гнездо“ од Блаже Миневски во режија на Андреј Цветановски од 20.30 часот.
Влезот за граѓаните за сите претстави е бесплатен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top