Со легенди како Мето Јовановски, Владо Јовановски, Милица Стојанова, но и свежи актерски имиња како Кире Ѓоревски и Ивана Павловиќ, кои ги имаат носечките улоги во филмот, ова е приказната за љубовта и за вербата и за премрежињата низ кои ќе поминуваат четирите генерации на едно скромно семејство од Преспа.
Во план е филмот да се снима 35 работни денови на неколку локации во Преспа и Отешево, како и дел во Скопје, а целата екипа е позитивно расположена за исходот на целиот проект. Велат ова е филм за публиката, хепиенд до кој се доаѓа со низа драматични дејствија и сценарио кое е отворено за секакви варијации.
Повеќе фотографии од снимањето на првата клапа, целата сценографија во Преспа, како и интервју со актерската екипа и режисерот, во новиот број на неделникот „Република“ кој излегува во петок, 21 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)