| четврток, 6 декември 2018 |

Драматична снимка од авион кој падна среде улица во САД (видео)

Сигурносна камера поставена во полициски автомобил регистрирала драматичен момент кога еден приватен авион се урнал на улица во Клирвотер, Флорида.

Како што се гледа на снимките направени со камерата на заменик-шерифот на округот Пајнлас, малиот авион лета екстремно ниско над улицата и одеднаш неочекувано се навалува на левата страна, буквално прелетувајќи над полицискиот автомобил.

Двајцата заменици на шерифот реагирале веднаш по уривањето на авионот, односно по неговото принудно слетување на патот зад нив.

Во оваа неверојатна незгода, пилотот на авионот и неговиот сопатник минале без повреди. Исто така, ниту еден учесник во сообраќајот на патот не бил повреден.

Инаку, станува збор за авион Rockwell International 112A од 1975 година со еден мотор и четири седишта, пренесе ABC.

Како што објавија од канцеларијата на шерифот, авионот полетал од спортскиот аеродром во Клирвотер и се упатил кон локација оддалечена 80 километри. Сепак, како што подоцна кажал пилотот, при враќањето кон аеродромот во Клирвотер „нешто тргнало во погрешна насока“ и авионот почнал да паѓа на само 800 метри од аеродромот.

Пилотот смета дека несреќата се должи на откажување на моторот, но официјалната причина и натаму не е утврдена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top