| четврток, 6 декември 2018 |

Зад неа е тежок период – Ана Николиќ најави враќање на музичката сцена, а еве како изгледа после разводот!

Познатата пејачка со месеци не е активна во музичкиот свет, првобитно поради бременоста и породувањето, а потоа и поради тешкиот период со разводот од Стефан Ѓуриќ Раста.

Ана Николиќ конечно покажа како изгледа три месеци откако ја роди ќеркичката Тара, а на социјалните мрежи доби прегршт комплименти.

-Се вратив! Се гледаме наскоро! – напиша пејачката под фотографијата, со која ги изненади своите обожаватели.

Николиќ, Нова година ќе дочека во еден локал во Белград, што ќе биде нејзино прво професионално појавуање пред публиката после породувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top