| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Куманово: Почина мајка на три деца

Brza pomos

Триесет и двегодишната кумановка М.К. утринава околу 3 часот починала на скопските клиники, дознава „Прес24“. Сѐ уште не е познато од што умрела младата кумановка.

Според информациите до кои стигнавме, 32-годишната М.К. била мајка на три деца. Откако семејството на М.К. забележало дека нејзината здравствена состојба е лоша, таа била пренесена во кумановската Болница, а потоа, поради сериозноста на состојбата, била донесена на скопските клиники. За жал, младата мајка не успеала да преживее.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top