| четврток, 6 декември 2018 |

Турција ќе го преиспитува членството во НАТО

Главниот советник на турскиот претседател, Јалчин Топчу смета дека Анкара треба да ги преразгледа односите со НАТО.

– Зад сите потреси и зависности на нашиот одбранбен сектор стои НАТО. Дојде време да ги преразгледаме односите со Алијансата. Оваа организација, која се однесува непријателски кон една своја земја членка, не е единствената опција за нас, рече Топчу. Тој додаде дека „Парламентот итно треба да го разгледа ова прашање“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top