Аргентина со помош на останатите светски држави и натаму трага по исчезнатата подморница Сан Хуан, со екипаж од 44 членови, на кои им се губи секаква трага.
Подморницата исчезнала уште минатата среда, кога се прекинала секоја комуникација со пловилото. Последен контакт со копно остварила на длабочина од 70 метри.
Потенцијалната причина за проблемот кој се случил во подморницата не е позната. Морнарицата засега тврди дека целиот случај се третира „како проблеми со комуникација”, кои потенцијално би можеле да настанат поради проблеми со напојувањето. Ги негирале медиумските извештаи дека во подморницата избил пожар.
Во саботата дошле до нова трага, бидејќи биле забележани седум непознати сателитски сигнали, кои траеле меѓу 4 и 36 секунди. Се верува дека дошле од подморницата, но тоа не е потврдено.
Семејствата на членовите на екипажот се загрижени и се молат за безбедноста на своите блиски. На подморницата служи и првата жена во историјата на Аргентина, Елиана Кравцик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.