Тешката врата на отворот на палубата на подморницата била кобна за шведската новинарка Ким Вол, која трагично го загуби животот.
Ова го изјави Питер Медсен пред судот, додавајќи дека се обидел да ја погреба новинарката во морето и имал намера да си го одземе животот во подморницата.
Според научникот Медсен тој ја држел вратата на отворот додека пловеле во теснецот меѓу Данска и Шведска минатиот месец на подморницата што тој ја изградил. Ова го изјави Медсен во Данскиот суд во вторникот.
– Ми се лизна ногата и вратата се затвори. Ким беше тешко повредена и лежеше во крв. Крвареше интензивно. Се направи базен од крв на местото каде што лежеше – изјави тој.
На 23 август, полицијата го идентификуваше женското тело без глава кое исплива во Копенхаген како на Вол. Причината за нејзината смрт не е утврдена.
Полицијата го обвини Мадсен дека ја убил шведската новинарка. Сега тој се соочува со казна затвор од пет години до доживотен затвор. Тој беше уапсен откако неговата подморница потона, а тој беше спасен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.