Тенискиот свет е во солзи по информацијата дека поранешната чешка тенисерка Јана Новотна почина на 49-годишна возраст по долго битка со ракот.
Во својата 14-годишна кариера, Новотна освои 24 трофеи во професионалниот тенис и уште 76 титули во двојки.
Нејзин најголем успех во кариерата сигурно беше освојувањето на Вимблдон во 1998 година, што беше и нејзин единствен трофеј на грен-слем турнирите. Претходно играше две финалиња на Вимблдон во 1993 и 1997 година.
-Јана беше инспирација за сите што ја познаваа на теренот и надвор од енго. Нејзината ѕвезда секогаш ќе сјае сјајно во историјата на ВТА. Сакаме да изразиме сочуство до нејзиното семејство“, изјави извршниот директор на ВТА, Стив Сајмон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.