| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров го освои Мастерсот во Лондон (видео)

Бугарскиот тенисер Григор Димитров е победник на завршува Мастерс турнир во Лондон и на тој начин го постигна најголемиот успех во неговата кариера.

Во финалето играно синоќа Димитров го совлада Давид Гофин од Белгија со 2:1, по сетови 7:5, 4:6 и 6:3.

Ова беше втора победа во само три дена на Бугаринот над Гофан.

Димитров ја заокружи годината со прв трофеј оа Мастерс серијата и најдобар пласман на АТП ранг листата – трето место.

Тој јавно изрази благодарност до Никол Шерцингер за нејзината поддршката. Бугарскиот тенисер стави крај на гласините за проблеми во врската со американската пејачка.

Во обраќањето по финалето Димитров им се заблагодари, на луѓето од неговиот тим за одличната година на професионален план.

– Сакам да и се заблагодарам на мојата девојка која е заслужна за моите резултати овие две недели. Никол одигра многу важна улога за се што се случува. Таа не е овде денеска, но во мислите е со мене, рече Димитров.

Никол за време на финалето од Мастерсот во Лондон снимаше епизода од „Х Фактор“ каде е еден од менторите. За време на снимањето го означи и успехот на Григор, со тоа што публиката во студиото го скандираше неговото име. Претходно, таа го претстави Бугаринот како нејзин пријател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top