| четврток, 6 декември 2018 |

Трио Покрет на „Есенски музички свечености“

Триото Покрет основано во 2010. године според потребите на тројца изведувачи потполно да се посветат на музиката од современиот момент. Во центарот на интересите на овој состав се делата на современите српски композитори. Соработката со најеминентните српски композитори за време на седумгодишното постоење на овој ансамбл направи мал пресврт во пристапот кон современата музика и нејзиното делување врз широката публика.  Од почетокот на своето делување беа остварени премиерни зведи на многубројни дела од српски автори свирејќи новонапишани дела, кои се посветени токмуу на овој ансамбл.

Откако во 2011.година ги зиведе сите дотогаш напишани дела од перото на српските композитори за овој тип камерен состав (Ј. Бошњак – Трио Варијации, М. Михајловиќ – Lamentoso, А. Вујиќ – Од источна Србија и Српско коло), Покрет „покрена“ и други автори да пишуваат нови дела. До сега на иницијатива на Трито Покрет, беа создадени (или аранжирани) следниве дела за овој нестандарден состав инстументи:

Дејан Деспиќ –  Стара песна и Игра

Слободан Атанацковиќ – Sublimationi per tre

Југослав Бошњак – Лета – Река заборава

+Александар Вујиќ – Метаморфози

Милана Стојадиновиќ-Милиќ – Neoromantico 2

Татјана Милошевиќ – Dark Blue Almost Black и Прошетка со Рино

Светлана Савиќ – Il tempo sensibile и Tempo mobile

Иван Бркљачиќ – Кувада

Иван Јевтиќ – Grand Trio

Рајко Максимовиќ – Лазарева беседа

Ана Соколовиќ –  Portrait parle

Александар Седлар – Медитација и Коло

Владимир Тошиќ – Medial 623

Бранка Поповиќ –  Four Darks in Red

Светлана Максимовиќ – Magnum Mysterium

Драгана Јовановиќ – Drei Musikhomeopathistucke.

Зоран Христиќ – Хомоље

за кларинет (и кавал), виолина и клавир (2015)

Владимир Тошиќ – Рондо

за виолину, кларинет и клавир (2011, аранжирано за Трио Покрет 2015)

Исидора Жебељан – Сарабанда

за виолина, кларинет и клавир, од музиката за театарската претстава  Валкани раце Ж. П. Сартр (2012, аранжирано за Трио Покрет 2015)

Срђан Хофман – Низ кутиите на звукот

за кларинет, виолина и клавир (2015)

Дејан Деспиќ – Покрет за Покрет

за виолина, кларинет и клавир, оп. 243 (2014)

Милана Стојадиновиќ-Милиќ – Tango mobile (2017)

Ивана Стефановиќ – Тесен процеп на светлоста (2017)

Сите дела Покрет ги изведуваше сукцесивно, брзо по нивното создавање (пројектите „Жива српска музика – премиери“ 2012, „Портрети“ 2013, „Сензибилитети“ 2014, „Пет години музичко движење“ 2015, „Ретроспективи“ 2016, сите под покровителство на СОКОЈ). Со изведувањето на актуелните композиции Трио Покрет допринесе за ожививање и динамика на музичката сцена во Србија денеска и збогатување на литературата за овој состав. Во 2021.година Трио Покрет за концертот во Коларчева задужбина со премиерното изведување на осум нови дела ја одби наградата „Концерт на  годината“. Покрет, иако вооснова е трио, има идеја да прерасне во ансамбл кој ги придвижува и обединува останатите музичари ии уметници со заедничка цел, секое ново изведување да стане неповторлив уметнички настан.

Трио Покрет имаше голем број на концерти во Србија (Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Нови Кнежевац). Имаше значајни концерти на Меѓународната трибина на композитори во Белград 2012. и 2015. године. Концертот во септември 2015. година беше емитуван во живо на телевизиската и радиската програма на РТС3 и репризиран во повеќе наврати. Во ноември 2016.година Трио Покрет имаше многу успешен концерт во Рим во салата Балдини.

Годинешниот проект на Трио Покрет со назив Динамика на Движењето – концерти на Трио Покрет подразбира серија концерти во „регионот“: Белград, Љубљана, Скопје, Загреб и Сараево, со избор од горенаведените дела, поради претставување на современото српско композиторско творештво на пошироката музичка и културна јавност.

Трио Покрет го сочинуваат:

Мадлен Стокиќ Васиљевиќ, виолина

Милош Николиќ, кларинет и кавал

Маја Михиќ, клавир

Мадлен Стокиќ Васиљевиќ димпломираше, магистрираше и докторираше на ФМУ во Белград во класта на прочуениот проф. Дејан Михајловиќ како најдобар студент. Добитничка е на бројни први награди на сојузните натпреварувања на поранешна Југолсавија како и трета награда на Меѓународното натпреварување во Стреза (Италија). Како солист, настапуваше со симфониските оркестри на РТС, Војската на Србија, со камернимте оркестри на Музичката младина, Мајсторите Гудачи, Белградскиот гудачки оркестар Душан Сковран и Кралските гудачи Свети Ѓорѓи. Учествувала како солист на сите најголеми фестивали во Србији и странство. Беше догогодишен член БГО Душан Сковран со кој настапуваше ширум Европа и Азија. Наступуваше и како концертмајстор на Кралските гудачи Свети Ѓорѓи. Доцент е на ФМУ на Катедрата за гудачки инструмент.

Маја Михић дипломирала, магистрирала и докторирала на ФМУ во Белград во класта на прочуениот проф. Нинослав Живковиќ. Добитничка е на бројни награди на натпреварувањата за пијанисти, меѓу кои најзначајни се првите награде на натпреварувањата Петар Коњовиќ, Citta di Ostuni и Roma 1996. Одржала бројни солистички концерти, настапувала како солист со оркестарот, а активно се бави со камерна музика. Доцент е на ФМУ на Катедрата за клавир.

Милош Николиќ започал да се занимава со музика како класичен кларинист. Освоил две први сојузни награди во поранешна Југославија и четвртина век се заминава со византиска црковна музика, теоретски и практично. Се занимава со српска и балканска изворна музика свирејќи кавал и гајди. Тој е прв професор за кавал на Одсекот за српско традиционално пеење и свирење во Музичкото училиште „Мокрањац“ во Белград. Соработува со музичари и уметници од различни профили. Пееше и свиреше со српскиот истакнат уметинк, певец и сликар Павле Аксентијевиќ, како член на групата Запис. Истражува на полето источни (ориентални) музички традиции. Член е и основач на триото  Вед (ут, кавал и зарб). Во рамките на интересирањето за добра употреба на народните инструменти во популарната музика, свиреше кавал (и кларинет) на Натпреварот за песна на Евровизије 2004. година во Истанбул и 2012. година во Баку. Снимал музика за филмови и радио-драми. Докторирал во 2014. на ФМУ во Белград со темата Кларинет во клезмер музика (клезмер кларинет): стилско-жанровски особености и изведувачка техника.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top