Во рамките на манифестацијата Есенски музички свечености концерт ќе одржи Рихард Риккон од Словачка, кој на пијано ќе изведе дела на Ф. Шопен: Nocturno – cis mol; А.И.Вебер/Р.Риккон: Концертна парафраза на тема „Memory“ од мјузиклот „Cats“; Ф.Лист/Р.Риккон: La Campanella; Ф.Шуберт/Р.Риккон: Ave Maria; Ф. Лист: Sonet de Petrarca 104; Ф. Лист/В. Хоровиц: Rakoczi March; З.Фибих/Р.Риккон: Поема; A. Дуранд/Р.Риккон: Концертна парафраза на тема „Erste Walzer“.
Рихард РиКкон е светски пијанист кој живее и работи во Братислава – Словачка. Роден е во семејство
со долгогодишна музичка традиција. Започнува да свири на пијано на четиригодишна возраст, а првата
награда ја добива само на пет години, а на шест години е победник на „Барток“ натпреварот.
Во 2000 година дипломирал на Универзитетот за изведувачки уметности во Братислава. За време на своите студии тој го збогатува своето знаење со две годишни студии и на „Супериор“ конзерваториумот во Париз. Втората диплома од колеџ ја стекнува во Париз во класата на водечкиот Еуген А. Рубинштајн. Посетувал мастер класови кај Лазар Бернард и Халина Черни Стефанска.
Настапувал со бројни реномирани музички ансамбли и музичари од Словачка но и со странски музичари.
Активно музицира како концертен пијанист и на дела од пијанистичката литература но и на импровизации
и аранжмани на веќе добро познати дела, создавајќи нетрадиционални изведби со транскрипции на познати
песни. Риккон е организатор на бројни хуманитерани концерти. Правел концертни турнеи низ Мексико,
Тоскана, Африка, Грција, Русија, Канада, САД, Шведска, Норвешка, Финска, Франција и други држави. Има
издадено неколку носачи на звук за кои има добиено „Аурел“ наградата. Член е на повеќе жири комисии на
натпревари во Индија и Саудиска Арабија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.