| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден мртов човек на брегот кај „Бафало Бич“ во Охрид

Безживотно тело е забележано во водите на Охридското езеро во близина на плажата „Бафало бич“ кај мостот на каналот „Студенчишта“. Телото, во 11 часот и 55 минути го забележал случаен минувач кој се движел на пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“ кон „Парк“ на околу два метри оддалеченост од брегот. Настанот веднаш го пријавил во езерската полиција, информираат од Охридската полиција. Тие во соопштението не наведуваат детали за причините за смртта.

Моментно, на посоченото место се врши увид предводен од Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Охрид, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top