Ќе се воведат нови две пробни автобуски линии што ќе сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно, автобусите ќе се полнат со патници на почетната станица и ќе возат без застанување до Средно Водно.
Едната автобуска линија ќе тргнува од пред катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј, а втората ќе тргнува од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат).
За овие две пробни автобуси линии е најавен следниот возен ред:
25А
Катна гаража Средно Водно
9:20 часот 10:00 часот
10:00 часот 11:00 часот
10:50 часот 12:00 часот
11:50 часот 13:00 часот
12:50 часот 14:00 часот
13:50 часот 15:00 часот
25Б
Цветен пазар (Дом на печат) Средно Водно
9:30 часот 10:20 часот
10:10 часот 11:20 часот
11:10 часот 12:20 часот
12:10 часот 13:20 часот
13:10 часот 14:20 часот
14:10 часот 15:20 часот
Покрај 2. (двете) нови пробни автобуски линии, граѓаните ќе можат непречено да ги користат и двете постојни автобуски линии – линијата со број 25 до Средно Водно и линијата со број 28 до паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“.
Воведувањето на забраната за движење моторни возила на патот до Средно Водно е дел од заложбите на Град Скопје за почист воздух и поздрава животна средина, имајќи го предвид пред се здравјето на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Додека Скопје се гуши: Како изгледа врвот на Водно во моментов (фото)
-
Голема трагедија во Индија: Автобус падна во канал, најмалку 25 лица загинаа
-
Се симнувало по скали од вториот кат и паднало: Девојче повредено во автобус на ЈСП
-
„Го сакам Водно“ демантира дека е постигната согласност со активистите за гасоводот